Ново намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 9,18 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 16.03.2020 година, информираат од комисијата.

Од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 5 денари и ќе изнесува 49,50 денари за литар. Кај малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се бележи намалување за 4,50 денари и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 52,00 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3 денари. Од 24 март, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 45,50 ден за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 34,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,195 ден/кг и ќе изнесува 18,738 ден/кг.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …