Ново современо амбулантно возило за прилепската болница, донација од турската Влада и владината агенција „ТИКА“

Ново современо амбулантно возило за прилепската болница, донација од турската Влада и владината агенција „ТИКА“

Турската владина агенција за соработка и координација „ТИКА“ и Владата на Република Турција, денеска на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“- Прилеп и’ донираа санитетско возило марка „Мерцедес“.

Станува збор за ново санитетско возило кое е опремено со најсовремена медицинска опрема за транспорт на потешко болни пациенти, кои имаат потреба од транспорт за понатамошно лекување во клиниките во Скопје. Дека станува збор за возило опремено според највисоките стандарди, зборува податокот дека во него можат да се вршат и операции.

Главниот „виновник“ за оваа драгоцена донација е градоначалниот на Прилеп, Илија Јованоски кој заедно со амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин  Еркал Кара и владината агенција „ТИКА“, донацијата ја договориле пред неколку месеци.

Ново современо амбулантно возило за прилепската болница, донација од турската Влада и владината агенција „ТИКА“„Гордост ми е што се наоѓам во матичната здравствена организација од каде што потекнувам. Сакам да упатам благодарност до Република Турција и до агенцијата ‘ТИКА’, за донацијата која има големо значење за пациентите кои имаат потреба за транспорт на клиниките во Скопје. Моето задоволство е уште поголемо што, можам да кажам, дека јас сум ‘главниот виновник’ што го добивме ова возило, бидејќи она што се договоривме со амбасадорката и со ‘ТИКА’, тие го исполнија и побрзо од очекувањата. Ова е само еден почеток за помошта во здравството која ни ја нуди Република Турција, а следниот чекор кој го договоривме ќе биде реконструкција на службата за трансфузиологија, која е планирана за идната година“, изјави градоначалникот Јованоски.

Заблагодарувајќи се на донацијата, в.д. директорот на прилепската болница „Борка Талески“, Драги Богојески рече дека санитетското возило значително ќе помогне во решавање на проблемот со транспортот на потешко болните пациенти.

Ново современо амбулантно возило за прилепската болница, донација од турската Влада и владината агенција „ТИКА“„Ова возило значително ќе ни помогне во решавањето на проблемот со транспортот на потешко болните пациенти, кои имаат потреба од транспорт за понатамошно лекување во клиниките во Скопје. Располагаме со стар возен парк, со санитетски возила со кои не можеме да обезбедиме квалитетен транспорт. Во просек, имаме околу 30 до 40 транспорти месечно, а во моментов располагаме со три санитетски возила од кои две датираат од 2005 година, амортизирани и недоволно опремени. Со новото санитетско возило донација на ‘ТИКА“ и владата на Република Турција, значително ќе се подобри транспортот на тешко болните пациенти. Ја користам оваа прилика да напоменам дека имаме неопходна потреба од уште едно ново санитетско возило, за што менаџерскиот тим на нашата болница презема активност за обезбедување на финансиски средства во форма на донација од фирмите од Прилеп“, истакна Богојески.

Амбасадорката на Турција во Република Северна Македонија, Тулин Еркал Кара истакна дека чувствува големо задоволство што од своето постоење до денес, турската владина агенција „ТИКА“ во нашата држава реализирала преку 1.000 проекти.

Ново современо амбулантно возило за прилепската болница, донација од турската Влада и владината агенција „ТИКА“„Ми претставува чест што турската организација ‘ТИКА’ која што од постоењето до денес, во Република Северна Македонија реализираше околу 1.000 проекти. Се надевам дека активностите и проектите ќе продолжат и во идниот период со соработка на државните институции, бидејќи ние како Република Турција преку ‘ТИКА’ реализираме многубројни проекти од сите можни области. Секако дека здравството е меѓу најзначајните области, но ‘ТИКА’ продолжува да финансира проекти и од областа на образованието, земјоделството, културата, инфраструктурата и други области. Сакам да истакнам голема благодарност до министерот, градоначалникот, директорот на болницата и целата екипа на канцеларијата на ‘ТИКА’“, потенцираше амбасадорката на република Турција, Тулин Еркал Кара.

Министерот за здравство, Венко Филипче ја истакна одличната соработка која Министерството ја има со „ТИКА“ и дека оваа агенција секогаш го донира она што е најпотребно, меѓу кои спаѓа и донацијата за осовременување на интензивната нега на Клиниката за педијатрија, што придонесе за намалување на смртноста на новороденчињата. Министерот за здравство ги истакна неколкуте проекти поврзани со прилепската болница „Борка Талески“.

Ново современо амбулантно возило за прилепската болница, донација од турската Влада и владината агенција „ТИКА“„Во овој изминат рок од две години, примени се рекорден број на здравствени работници, над 30 на неопределено работно време и уште триесетина со договор за дело. Сите тие влегуваат во нашиот план и програма за трансформација на работниот однос, што значи дека сите ќе бидат вработени на неопределено време. Ова е една од 50-те институции од јавно-здравствените установи кои што ќе бидат целосно реновирани во делот на ходниците, санитариите и болничките соби согласно највисоките европски стандарди. Во Здравствениот дом во Прилеп во тек е финализирање на акцијата за примање на сите невработени доктори и медицински сестри, со цел да се зајакнат патронажните сервиси. Сето ова води до значајно зајакнување на здравствениот сервис во Прилеп и околината, со цел да се олесни пристапот и квалитетот на здравствената заштита на сите жители во овој регион“, изјави министерот Филипче.

После презентацијата на амбулантното возило од страна на претставник на „ТИКА“, амбасадорката Тулин Еркал Кара и министерот Венко Филипче, заедно со градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Советот на општина Прилеп Миле Талевски и директорот на прилепската болница Драги Богојески, извршија обиколка на неколку одделенија во болницата, кои во изминатиот период беа целосно реновирани.

На посетата на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ и примопредавањето на амбулантното возило, градоначалникот Јованоски во својот кабинет оствари работна средба со амбасадорката Тулин Еркал Кара, министерот Венко Филипче и програмскиот координатор на „ТИКА“, Ајтекин Ајден.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …