Новогодишен концерт на Академскиот хор „Мирче Ацев“ во Делчево

Новогодишен концерт на Академскиот хор „Мирче Ацев“ во Делчево

Во рамките на новогодишната програма,  Академскиот хор „Мирче Ацев“ ќе одржи новогодишен концерт во Делчево на 14.12.2019 (сабота) во 19 часот во киносалата.

На програмата се композиции од Мокрањац, Гајдов, Прокопиев и други автори, како и сплет песни од Тоше Проевски во аранжман на Д. Темков, под диригентство на Јасмина Ѓорѓеска. Публиката ќе може да ужива во изведбите на „Чае Шукарие“, „Инсталата Италиана“, „Рум, рум, рум“и др.

Академското културно-уметничко друштво Мирче Ацев” е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското хорско, драмско и фолклорно творештво. Друштвото е седум децении подвижен музеј на непроценливото македонско богатство кое претставува историја и идентитет на макеоднскиот народ. АКУД „Мирче Ацев“е формиран од Универзитетот Св. Кирил и Методиј” – Скопје во 1949 година. Од тогаш, па сѐ до денес, хорот опстојува одржувајќи многубројни успешни настапи и освојувајќи голем број награди на фестивали низ целиот свет.

Како универзитетски хор, Академскиот хор Мирче Ацев” има многу богата соработка со другите универзитетски хорови во Европа како што се: Универзитетскиот хор од Неапол-Италија, Сорбона-Франција, Крајова-Романија, Вроцлав-Полска, Софија-Бугарија, Ла Лагуна Тенерифе-Канарските Острови.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …