Новогодишни и божикни пакетчиња и за децата кои поради здравствените протоколи не беа згрижени во детските градинки

Покрај поделените 500 новогодишни и божикни пакетчиња за децата од прилепските градинки, Општина Прилеп и ЈОУДГ „Наша иднина“ обезбедија дополнителни 617 пакетчиња за децата кои поради здравствените протоколи за заштита од Ковид-19, не беа згрижени во градинките.

„На иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски, Општина Прилеп обезбеди новогодишни и божикни пакетчиња и за останатите 617 дечиња, кои заради пандемијата со коронавирус, не беа згрижени во објектите на ЈОУДГ ‘Наша иднина’. На овој начин покажуваме оти тие не се заборавени и дека наесен, со нормализирањето на здравствената ситуација во нашата општина и во целата земја, тие повторно ќе се вратат во градинка“, изјави директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“, Орце Тодоровски.

Како што истакна Тодоровски, во текот на денешниот ден телефонски ќе бидат контактирани родителите на сите 617 деца, кои од понеделник ќе можат да ги подигнат пакетчињата.

Новогодишни и божикни пакетчиња ќе добијат и децата кои минатата година беа згрижени во градинките во населените места Беровци, Мало Коњари, Тополчани и Канатларци.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …