израел хамас газа

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Полковникот Јамен Абу Сулејман, директор за цивилна одбрана во Кан Јунис, тврди дека некои од телата биле пронајдени со врзани раце и нозе, и дека имало знаци на егзекуции на терен

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа година, пишува Си-ен-ен.

324 тела биле откриени оваа недела во медицинскиот комплекс Насер, во јужниот дел на Газа по повлекувањето на израелските сили од областа, а високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, вели дека е згрозен од фотографиите.

„Со оглед на неказнивоста што преовладува, треба да се вклучат меѓународни истражители. Болниците имаат право на многу посебна заштита според меѓународното хуманитарно право. А намерното убивање на цивили, затвореници и други е воено злосторство“, кажа Фолкер Турк, високиот комесар на ОН за човекови права.

Полковникот Јамен Абу Сулејман, директор за цивилна одбрана во Кан Јунис, тврди дека некои од телата биле пронајдени со врзани раце и нозе, и дека имало знаци на егзекуции на терен.

„Не знаеме дали се живи закопани или егзекутирани. Повеќето од телата се распаднати“, рече Сулејман.

Неговите тврдења сè уште не можат да се потврдат.

Претходно, портпаролот на цивилната одбрана на Кан Јунис и шеф на мисијата за пребарување, Раед Сакр, изјавил за Си-Ен-Ен дека трагаат по телата на уште 400 исчезнати лица по заминувањето на израелската војска на 7 април.

Во врска со масовните гробници во медицинскиот комплекс Насер, израелската војска во вторникот рече дека „тврдењето дека израелската војска ги закопала палестинските тела е неосновано и неосновано“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …