Објавени се листите со примени студенти во студентските домови по поднесените приговори

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови по поднесените приговори

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави листите со примени студенти од втора и повисоките години во државните студентски домови кои не беа задоволни од резултатите од Конкурсот и поднесоа приговор до 12 септември.

Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови:

 СПИСОК НА ПРИМЕНИ СТУДЕНТИ ВО СТИВ НАУМОВ 3 ЗГРАДА, КОИ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА ( ПО ПРИГОВОР)

 СПИСОК НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ПРИМЕНИ ВО ДСД ПЕЛАГОНИЈА , КОИ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА (ПО ПРИГОВОР )

 СПИСОК НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ СМЕСТУВААТ ВО ДСД ПЕЛАГОНИЈА (ПО ПРИГОВОР )

 СПИСОК НА ПРИМЕНИ СТУДЕНТИ ВО ДСД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ КОИ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА ( ПО ПРИГОВОР)

До овој момент МОН не ги објави списоците со примени студенти-бруцоши, кои аплицираа за сместување заклучно до 16 септември. Иако во Конкурсот беше предвидено дека резултатите ќе бидат објавени на 30 септември, во петокот, денеска -три дена подоцна студентите-бруцоши сѐ уште немаат информација за тоа дали се примени во некој од државните студентски домови, и покрај тоа што денес го имаа првиот академски час.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …