Студено време

Облачно и студено време, попладне и вечер врнежи од снег

Денеска ќе преовладува претежно облачно и студено време, попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од снег кои ќе бидат позастапени и пообилни во западните делови. Во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, која во западните делови значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Судење: Одбраната негира градежни пропусти за „Пулс“

Судење: Одбраната негира градежни пропусти за „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите градежни инспектори истакна дека …