дожд врнежливо време

Облачно време со пороен дожд, од недела стабилизирање и повисоки температури

До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Утре се очекуваат пообилни количини воден талог, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне 30 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Починаа две новородени близначиња во прилепско Славеј

Починаа две новородени близначиња во прилепско Славеј

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител …