Обвинителот Јовески со бугарските истражители ќе го посетат местото на несреќата

Обвинителот Јовески со бугарските истражители ќе го посетат местото на несреќата

Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија.

Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов.

Двајцата ќе се сретнат на местото на несреќата на автопатот Струма, каде што ноќеска излета и се запали туристички автобус со македонски таблици. Во несреќата загинаа 46 луѓе, а седумиина се повредени.

https://www.youtube.com/watch?v=RZh1inSYv7E&t=2s

И тим од МВР е упатен кон Бугарија за да им помогне на бугарските колеги во истрагата, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во Бугарија се и премиерот Зоран Заев и министрите Венко Филипче и Бујар Османи.

Заев на прес-конференцијата со својот бугарско колега Стефан Јанев се заблагодари за помошта и брзата реакција на бугарските власти и најави прогласување на денови на жалост.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …