МТВ: Од давањето лиценца во јули 2018 година, „Беса транс“ не побарала да се впише ново возило

МТВ: Од давањето лиценца во јули 2018 година, „Беса транс“ не побарала да се впише ново возило

Министерството за транспорт и врски (МТВ) соопшти дека од превозникот „Беса транс“ БТБ од Скопје, чиј автобус изгоре ноќеска на автопатот близу Перник, Бугарија, при што загинаа 46 патници, од издавањето лиценца во јули 2018 година за меѓународен превоз на патници досега не добиле барање за впишување ново набавено возило во лиценцата, односно дека од тој период „Беса Транс“ не набавила нов автобус за меѓународен превоз.

Секторот за патен сообраќај при МТВ примил барање од „Беса Транс“, евидентирано под број 08-4127/1 од 18.07.2018 година, за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Барањето било со приложена целокупна документација „со што превозникот ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници“.

Лиценцата со сериски број 007017 е со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година.

Но, од моментот на нејзиното издавање, „Беса Транс“ не побарала упис на ново возило во лиценцата.

„Од тој момент превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило“, порачува МТВ изразувајќи најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници и посакувајќи брзо закрепнување на повредените.

Министерството за транспорт и врски вели дека останува отворено за соработка со сите надлежни домашни и меѓународни институции за целосно расчистување на случајот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Двајца членови на избирачки одбор од Охрид, предложени од една политичка партија имале фотографии од …