обвинителство

Обвинителство: „Гаќите“ на Рускоска треба да се разберат како моментално разочарување

Откако Апелацискиот суд денеска ја објави содржината на СМС пораката што првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, вчеравечер ја испратила на еден од членовите на Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје кој решавал за пуштање на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и порача дека се работи за директна закана и директно мешање во работата на судот, Обвинителството се огласи со соопштение за јавноста.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) вели дека максимално ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судот, а за СМС-пораката од Рускоска (, дека била „израз на моментално разочарана“.

„Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт. Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука  во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и  поднесено обвинение, очекува судска разрешница“, соопшти Обвинителството.

Во соопштението се вели и дека ОЈО-ГОКК се залага за принципот на владеење на правото и ќе ја продолжи соработката со надлежните институции и судски органи.

Неофицијално, СМС пораката на Рускоска гласела: „Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите.“

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …