обвинителство

Обвинителство постапува по случајот со убиството на 40-годишниот полицаец во Велес

СВР Велес денеска информираше дека ја уапсиле 23-годишната П.И. под сомнение дека го убила својот невенчан партнер А.Р.(40), кој како што објавуваат медиумите бил полициски службеник.

„Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт,“ информираа од СВР Велес.

Од таму додаваат дека бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Основното јавно обвинителство во Велес исто така информираше дека по добиени информации во текот на ноќта, извршиле увид во куќа во Велес каде било извршено кривично дело убиство.

„Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција. Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело,“ се вели во соопштението.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …