СДСМ лого

Најдобриот градоначалник му служи на народот и одлучува заедно со него, тоа е најдоброто за секоја општина

Соопштение за јавност

Комуникацијата со граѓаните и решавањето на проблемите на граѓаните во општините ширум државата остануваат еден од главните приоритети на СДСМ.

За таа цел, како одговорна социјалдемократска партија, ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, како и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот.

Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да постојат посредници ниту бариери. Само директната, редовна и двострана комуникација создава систем за експресно реагирање на проблемите во општината, за правилно долгорочно планирање, но и за развој на општината во правец кој вие го одлучувате на овие избори.

Системот ќе ги прифаќа и обработува иницијативите што ќе пристигнуваат од граѓаните, при што општините ќе имаат обврска да одговорат на граѓанските иницијативи во рок од 10 дена.

Учеството на граѓаните во управувањето со општината повеќе нема да се сведува на гласање еднаш во четири години, туку преку комуникација со градоначалникот и пријава на иницијативи кои ќе овозможат да се изгради вистински партнерски однос.

Сите кандидати за градоначалници на СДСМ се луѓе од доверба, искрени, чесни, домаќини. Блиски до граѓаните, постојано на терен, лесно достапни, имаат слух за потребите и сугестиите на граѓаните.

Ги повикуваме граѓаните да направат споредба и разлика. Дали ќе изберат кандидат со конкретен план со решенија или кандидат кој не е запознаен со проблемите, кој не знае да раководи со општината.

Граѓаните на овие локални избори имаат можност да ја изберат најдобрата понуда за своето семејство, за својата општина.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника

СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Соопштение за јавност на СДСМ Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на …