Обвинителството ја истражува сообраќајката кај „Сити Мол“ во која загина 24 годишна девојка

Обвинителството ја истражува сообраќајката кај „Сити Мол“ во која загина 24 годишна девојка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО Скопје) синоќа извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби 24-годишна девојка, а нејзиниот врсник што ја придружувал беше повреден, соопшти ОЈО Скопје.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од 22-годишник удрил во момчето и девојката кога ја поминувале улицата. Девојката загинала веднаш, а момчето е пренесено во болница со повреди.

Возачот е уапсен и задржан во полициска станица, по наредба на јавен обвинител, којшто исто така наредил да се изврши обдукција на телото на починатата, а наредил и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот со цел да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …