полиција

Од билтенот на СВР Битола

Полициски службеници од СВР Битола за време на викендот извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Притоа, констатирано е дека пет возачи управувале нерегистрирани возила, кај 12 возачи констатирано е присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, тројца возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило, 15 возачи не поседувале возачка дозвола, 19 возачи ја надминале максималната дозволена брзина, а 10 возачи не користеле сигурносен појас.

За сите неправилности издадени се соодветни налози.

На 25.01.2020 во 22.00 часот на улица „Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп, го лишиле од слобода Е.М.(23) од Прилеп, затоа што околу 21.00 часот со секира ги нападнал Е.А.(19), С.О. и Е.Т., сите од Прилеп. При приведувањето, тој се однесувал агресивно и ги навредувал полициските службеници.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …