Од билтенот на СВР Битола

Од билтенот на СВР Битола

На 11 јули во 10.30 часот на улица „Широк сокак” во Битола, полициски службеници ги лишиле од слобода И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп. Лицата биле лишени од слобода поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни деца да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола. По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Истиот ден околу 21.00 часот на улица „Васко Карангелевски“ во Битола, патничко возило „Хјундаи Купе“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц(44) од Битола, удрило во пешакот В.Д(55) од Битола. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола. Увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, на 11 јули извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Од исконтролираните 369 возачи, 9 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 4 возила, додека брзината ја надминале 18 возачи. Еден возач не користел  сигуносен појас при управување на возилото, а еден возач зборувал на мобилен телефон.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …