Од дијаспората се попишале уште 6.600 лица, вкупната бројка изнесува 143.755 граѓани

Од дијаспората се попишале уште 6.600 лица, вкупната бројка изнесува 143.755 граѓани

Државниот завод за статистика (ДЗС) утринава информираше дека регистрирани се нови 6.600 само попишани лица од дијаспората. Со ова, за 25 дена откако започна пописот, вкупно 143.755 граѓани се попишале преку апликацијата за самопопишување достапна на popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk.

Од ДЗС велат дека бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст.

Во врска со технички проблеми, граѓаните може да се обратат на отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …