Од ноќеска горивата со повисоки цени

Малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе се зголемат, во просек за 2,06 отсто, информираше Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) согласно својата најнова одлука.

Од полноќ, за 1,5 денари по литар ќе поскапат бензинот Еуросупер БС-95, кој сега ќе чини 84,5 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по цена од 73 денари за литар.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и Еуродизел се зголемуваат за 2 денара за литар, па така, 98-октанскиот бензин од ноќеска ќе чини 87 денари за литар, додека литар дизел гориво на бензинските станици ќе се продава по цена од 74 денари.

Поскапува и мазутот за 0,505 денари и од утре ќе чини 31,079 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Фондацијата Метаморфозис со конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

Ќе бидат доделени две годишни награди во две категории: Најдобар новинарски труд, односно стручен труд …