бензин дизел бензинска

Од полноќ бензините поскапи за денар, дизелот за денар и половина

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,94 отсто.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1 денар за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар.

Бензинот Еуросупер БС-95 од полноќ на бензинските пумпи ќе се продава за 76,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 78,50 денари за литар. Дизелот ќе може да се набави за 69 денари за литар, а идентична е и цената на екстра лесното масло за домаќинство.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,103 денари за килограм и сега ќе изнесува 42,827 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 3,166 отсто, кај дизелот за 5,266 отсто, кај екстра лесното масло за 5,419 отсто и кај мазутот за 3,778 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,341 отсто.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …