Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

На синоќешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.11.2020 година. На деловните банки им се препорачува да им обезбедат на пензионерите можност да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, од 26.11.2020 година.

Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • Четврток, 26 ноември, исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Петок, 27 ноември, исплата на пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари;
  • Понеделник, 30 ноември, исплата на пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари;
  • Вторник, 01 декември, исплата на пензии со висина над 18.001 денар.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …