Одбележување на Ханука - споделуваме светлина во спомен на 7.144 македонски Евреи, жртви на Холокаустот

Одбележување на Ханука – споделуваме светлина во спомен на 7.144 македонски Евреи, жртви на Холокаустот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, заедно со учениците од ПОУ„Иднина“и ПОУ „Златен Сремац“ од Скопје, коишто се дел од проектот „1.000 Менори“, ги запалија осумте свеќи на менорите, во спомен на 7144 македонски Евреи, жртви на Холокаустот.

„Сакаме да ја потврдиме нашата цврста верба дека животот на секој човек е бесценет и дека етничката и верска различност го прави животот на македонското општество побогат“, порача претседателот Пендаровски честитајќи го празникот Ханука. 

Претседателот Пендаровски денеска ја запали и последната свеќа на ханукијата, специјално изработен свеќник од бронза од страна на Мети Грунберг, светски познат уметник од Израел роден во Скопје за време на војната.

Учениците и претседателот Пендаровски, преку заедничка онлајн платформа се вклучија и во глобалното одбележување на Ханука, каде во спомен на жртвите од Холокаустот запали свеќа и генералниот директор на Еврејската заедница, Исак Херцог.

„Една од важните поуки од Ханука е дека надежта победува сè. Така е и со надежта во тешките времиња. Кога мислиме дека немаме доволно, ќе бидеме изненадени од солидарната помош. Затоа, во тешки економски услови предизвикани од пандемијата на КОВИД-19, ние сме благодарни за поддршката којашто Државата Израел ја дава на три училишта. Ова е влог во нашите напори да создадеме праведно и инклузивно општество во коешто ќе има место за секого“, додаде претседателот Пендаровски во својата порака.

На одбележувањето на овој празник на светлината денеска присуствуваа и почесниот конзул на Израел, Градимир Шумковски, претставници на здружението „Акта Нон Верба“, а преку видео врска се вклучи и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

Целта на проектот „1000 Менори“ е да даде поддршка на училиштата за деца со попреченост и одбележување на празникот Ханука преку сеќавање на Евреите од нашата земја, кои што беа депортирани во логорот Треблинка.

Во проектот, којшто е поддржан од Министерството за надворешни работи на Израел и нивната организација за меѓународна соработка МАШАВ, учествуваат три училишта од земјава коишто го негуваат образованието на децата со попреченост.

Минатиот четврток, на првиот ден на празникот Ханука, претседателот Пендаровски ги прими учениците од ПОУ „Маца Овчарова“од Велес, со коишто исто така заеднички ги запалија свеќите на менората. Во спомен на македонските Евреи, жртви на Холокаустот беа запалени 1.000 менори во повеќе градови во земјава.

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …