Одличен старт на РК „Прилеп“ во Првата машка лига

Одличен старт на РК „Прилеп“ во Првата машка лига

Иако после драстичната промена на играчкиот состав многумина им предвидуваа „црни денови“ и борба за опстанок, ракометарите на РК „Прилеп“ во Првата лига мажи група 1, имаат повеќе од успешен старт. После 6 одиграни кола, ракометарите на тренерот Адријано Котевски се наоѓаат на второто место, притоа забележувајќи 5 победи и само 1 пораз.

Одличен старт на РК „Прилеп“ во Првата машка лига„Екипата е речиси целосно нова, па затоа од тој аспект постигнатите резултати се повеќе од добри. Успехот е уште поголем, ако се знае дека просечната старост на играчите е неполни 18 години. Вредно работиме, тренираме секој ден и се надеваме дека постепено ќе се вратиме на старите патеки, онаму каде ни е местото – во македонската ракометна елита. Свесни сме дека тоа можеме да го постигнеме само со макотрпна работа, па затоа во овој момент не размислуваме за ништо друго, освен за првиот следен натпревар“, вели главниот стратег на екипата, Адријано Котевски.

А првиот следен натпревар за младите ракометари на РК „Прилеп“ е веќе во сабота, кога во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ во 19 часот се среќаваат со третопласираната екипа на „Куманово“.

Одличен старт на РК „Прилеп“ во Првата машка лигаОна што треба да се истакне, е дека во рамките на клубот годинава почна со работа и пионерската школа. Истовремено, со 3 победи и еден пораз во првите 4 кола, кадетите на РК „Прилеп“ кои се натпреваруваат во група 4 на Кадетската лига за мажи, ја продолжуваат традицијата на постигнување одлични резултати. За потсетување, во последните две години тие два пати играа во финалето на „фајнал форот“ на кадетската лига, при што првиот пат се закитија со шампионската, а вториот со вицешампионската титула.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …