Одобрен е Анексот на Договорот за набавка на вакцини одобрени одСЗО за употреба во итни случаи

Одобрен е Анексот на Договорот за набавка на вакцини одобрени одСЗО за употреба во итни случаи

Владата на Република Северна Македонија на денешната 46-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Анекс на Договорот за преземени обврски од 19.11.2020 година, склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за КОВИД-19 преку COVAX механизмот  за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19.

За спроведување на набавката вакцината мора да виде одобрена и оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против КОВИД-19 во однос на која ГАВИ има стапено во Обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација (СЗО), стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи воспоставено од Строго регулаторно тело (СРТ) или Список за употреба во итни случаи на СЗО.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …