Одржана 32 седница на Советот на општина Прилеп

Одржана 32 седница на Советот на општина Прилеп

Членовите на Советот на општина Прилеп денеска ја одржаа 32. седница, на чиј дневен ред се најдоа повеќе прашања од интерес на граѓаните.

„Советот даде согласност на Програмите за изведување научно наставни екскурзии во учебната 2019/2020 година во основните училишта, за III, V, VI и IX одделение, а ги усвои и измените и дополнувањата на Решението за именување претставници на општина Прилеп во училишните одбори. Советниците ја усвоија
и Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност од Прилеп, за првото полугодие од 2019 година. Исто така, членовите на Советот ги прифатија Одлуките за пресметување на бодот на платите на вработените во јавните комунални претпријатија и Домот за стари лица ‘Киро Крстески – Платник“, изјави претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски.

На денешната седница прилепските советници дадоа согласност за Годишниот план за вработување во 2020 година и Статутот на Домот за стари лица, а ги усвоија и предлог одлуките за легализација на бесправно изградени објекти на граѓани од Прилеп и населените места.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …