ОЈО поднесе обвинение против седум лица за протестите за случајот „Монструм“

ОЈО поднесе обвинение против седум лица за протестите за случајот „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог и предложи продолжување на мерката притвор против шестемина учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“, за кои претходно беше поведена постапка и беше им определена мерка притвор. За истото кривично дело поднесен е обвинителен предлог и против уште едно лице, за кое обвинителството на судот денеска му предложи да определи мерка притвор, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.

„На 26 февруари, како учесници на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“, седумтемина обвинети биле дел од толпата која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, обвинетите и други засега непознати лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници“, појаснуваат од ОЈО.

Сите се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …