Општина Аеродром: „Бубамарите“ добија креативни дворови за игра

Општина Аеродром: „Бубамарите“ добија креативни дворови за игра

Детската градинка „Буба Мара“ во текот на летниот период интензивно се подготвуваше за успешен старт на новата воспитна година.

Стручниот и воспитниот тим  ги уреди дворните површини на објектите со цел да се создаде пријатна атмосфера за децата. Преку игрите децата ги развиваат своите потенцијали, вештини и можности, кои влијаат врз нивниот целокупен раст и развој.

Во уредувањето на дворните површини свој придонес даде и Општина Аеродром со донација на дрвја кои беа насадени во дворот на објектот „Сонце“ во Реонски центар – Аеродром и реконструкција на плочникот во истиот објект. Исто така, Општината донираше и клупи и канти за отпадоци.

Прочитајте повеќе

Камери Безбеден град

„Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година

Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари …