Општина Делчево стави во функција телефони за пријавување загадувачи на амбиенталниот воздух

Општина Делчево стави во функција телефони за пријавување загадувачи на амбиенталниот воздух

Согласно препораките на Владата, Општина Делчево воспостави дежурни инспекциски екипи кои ќе вршат контрола поврзана со евентуалната употреба на недозволени средства за огрев и кај правните и кај физичките лица.

Вонредниот инспекциски надзор ќе го вршат инспекциски тимови составени од претставници од Општинскиот инспекторат при Општина Делчево и од ПС ОН Делчево, а инспекциите ќе се вршат во текот на 24 часа на територијата на градот и населените места. Граѓаните кои ќе забележат зголемено загадување на амбиенталниот воздух, ќе можат да пријавуваат на телефоните: 033 411 445,  410 988 и 413 662.

Претставници од Општинскиот инспекторат извршија контрола на правните лица кои имаат инсталација на систем за парно греење на дрва, при што беа информирани за строгата забрана за користење недозволено огревно средство, како остатоци од текстил, стиропор и сл.

Општина Делчево уште еднаш апелира до граѓаните, правните и физичките лица, да не користат за затоплување на индивидуалните или на деловните објекти недозволен огревен материјал: гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и секаков вид отпад со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со Законот за амбиентален воздух.

Исто така, со цел превентивно делување и спречување пожари се забранува и палење сува трева, стрништа и растителен отпад. За сторителите, согласно со законските одредби, предвидени се казни.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …