Општина Крушево ја започна изградбата на обиколницата

Општина Крушево ја започна изградбата на обиколницата

Заедно со „Панорама хотел и спа“, Општина Крушево започна со работа на обиколницата, проект најавуван со години.

Изградбата на обиколницата ќе овозможи побезбедно движење на тешки товарни возила и отворање можност за развој на индустријата, како и изградба на угостителски објекти на скијачките терени.

„Започнуваме со пролетната градежна офанзива во Крушево, од местото викано ‘Порта’ до скијачките терени. Заедно со инвеститорот на скијачките терени, почнуваме со изградба на децениски очекуваната обиколница. Градиме едно поинакво, поубаво, попривлечно Крушево“, се огласи преку социјалнните мрежи градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Прочитајте повеќе

ОЈО Обвинителство

Обвинителството предлага притвор за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството

Според обвинителството, директорот е осомничен за кривично дело поткуп бидејќи добил ветување дека ќе добие …