Општина Крушево работи на подобрување на инфраструктурата во населените места

Јавното комунално претпријатие „Комуна“ од Крушево, денеска работеше на поставување цевки за одвод во населеното место Пресил, по претходните активности на чистење од отпад и тампонирање на патишта до земјоделски површини.

„Активни сме на терен во Пресил, Норово и Св. Митрани во моментов, додека во Крушево работиме на инфраструктурни проекти во вкупна вредност од повеќе од половина милион евра. Важно е што постојано работиме во населените места, со цел подобрување на условите за живот за тамошните жители, како и рамномерен развој на селата и градот“, вели градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Кога станува збор за населените места, треба да се напомене дека беше реализиран проектот за изградба на резервоар за вода во с.Борино, а општина Крушево доби средства за асфалтирање на локален пат во с.Јакреново. Според најавите, во текот на летото се очекува почеток на уште неколку проекти кои вклучуваат изградба на канализации и водоводи.

Прочитајте повеќе

Царина Богоев

Богоев: Побрз транспорт и заштеда на време и средства преку стекнување статус на Овластен економски оператор

Заштеда на време и трошоци, помалку физички контроли, предност во царинење и избор на место …