Општина Крушево реализираше два инфраструктурни проекти од меѓуопштински карактер

Општина Крушево реализираше два инфраструктурни проекти од меѓуопштински карактер

Општина Крушево ја заврши имплементацијата на два големи инфраструктурни проекти од меѓуопштински карактер.

Заврши изградбата на патот од с.Борино, општина Крушево, до с.Житоше, општина Долнени, кој ги поврзува двете општини и кој во голема мера ќе ја олесни комуникацијата на жителите од двете општини.

Истовремено, завршена е и реконструкцијата на патот од с.Бучин, општина Крушево, до с.Воѓани, општина Кривогаштани, во должина од 10 километри. Проектот е имплементиран во соработка на двете општини и Јавното претпријатие за државни патишта.

„Ја подобруваме патната инфраструктура насекаде низ општината и ја поврзуваме со другите општини за полесно движење и полесна комуникација на граѓаните. Во тек се и други инфраструктурни проекти, како санацијата на локални улици, асфалтирање на патот до викенд зоната ‘Езеро’ во Крушево, реконструкцијата на три локални улици во градот, реконструкција на патот до с.Саждево и други проекти кои ги планираме за 2020 година“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …