Општина Прилеп издвои 300 илјади денари за настраданите од земјотресот во Турција и 150 илјади денари за Сирија

Општина Прилеп издвои 300 илјади денари за настраданите од земјотресот во Турција и 150 илјади денари за Сирија

На денешната вонредна седница, членовите на Советот на Општина Прилеп донесоа Одлука за обезбедување средства од буџетот на Општината, како донација за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Во знак на помош и поддршка, од буџетот на Општина Прилеп ќе бидат издвоени средства во висина од 450.000 денари за погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес, од кои 300.000 денари за Турција, а 150.000 за Сирија.

Според последните информации, бројот на загинати од разорниот земјотрес во двете земји изнесува на 35.000, но се стравува дека бројот на жртви може да ја достигне бројката од 50.000.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …