Општина Прилеп распишува награден конкурс за најдобар цртеж на тема „Маркови кули – предизвик за сите нас“

Општина Прилеп распишува награден конкурс за најдобар цртеж на тема „Маркови кули – предизвик за сите нас“

Општина Прилеп распишува награден конкурс за најдобар цртеж на тема „Маркови Кули – предизвик за сите нас“. Конкурост е во склоп на проектот „Маркови Кули – заштита и делување“, кој е дел од Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од ЕУ, а спроведена од УНДП.  Активноста  која е само една од серијата активности предвидени во рамките на проектот има за цел мотивирање и активно вклучување на младите како дел од локалната заедница.

„Младите  кои во повеќе наврати имале можност да го посетата овој комплекс, на овој начин преку своите ликовни изведбида дадат свој  придонесат во визуелната идентификација на овој споменик на природата. Она што сакаме да го постигниме со овој проект е да го подобриме визуелниот ефект, заштитата на заштитеното подрачје и да ја подобриме неговата експлоатација во дел на искористување на можностите за развој на самото подрачје и пристапноста до истото„, рече Борче Јанкулоски од Општина Прилеп.

На конкурсот учество можат да земат сите ученици од основните и средните училишта кои своите цртежи  треба ги достават до предметни наставници и потоа да бидат испратени до Општина Прилеп, најдоцна до 10.04.2019 година.

„Во овој конкурс потребни  се цртежи во насока на применета уметност, бидејќи самата тема има своја намена, изработка на лого. Што значи секоја творба треба да се застапува врз принципи за цртање на графички дизајн, за чија намена е и конкурост. Учениците можат слободно да се изразуваат во поглед на техниката, форматот треба да биде А3 или блок број пет, што не е пресудно, бидејќи квалитетот се гледа во изведбата. Практично треба да се изработи илустрација на дадената тема од споменикот на културата Маркови Кули“, рече Александар Џинго, член на комисијата за избор на најдобар цртеж и професор по ликовно образование во СОУ „Орде Чопела“.

Во Рамките на овој проект кој што го спроведува Општина Прилеп заедно со Институтот за старословенска култура ќе се овозможи подобрување на заштитата на природат и промовирање  одржлива употреба на природните ресурси како и поодржливо управување со природните богатства во заштитеното подрачје.

„Институтот за старословенска култура како субјект на заштита и управување со заштитеното подрачје Маркови Кули со овој проект ќе добие еден трајно лого, чија функција би била  афирмација на локалитетот. Учесниците можат да се инспирираат од многубројните содржини што ги нуди овој локалитет како камената тврдина, ридот Маркови Кули, манастирот „Трескавец“  и други кои можат да послужат како појдовен мотив  во изработката на цртежите, истакна Александар Богданоски од Институтит за старословенска култура.

Изборот за најдобра уметничка творба  комисијата ќе го соопшти на 12.04.2019 година, за што е предвидена и награда.

Од Општина Прилеп и од Институтот за старословенска култура како институции задолжени за спроведување на проектот информираат дека како нареден чекор предвидено е да се постави видео мониторинг и осветлување на дел од локалитетот, согласно нормите за заштите со цел да не се влијае инвазивно и да се нарушува биодиверзитетот на локалитетот. Поставување на инфо –Точка на потегот  „Кај слонот“ за потребите на посетителите и туристите, реконструкција на дел од  постоечкиот пат со цел да се спречи ерозија,  поставување на видиковци за панорамски разгледувања , информативни табли  и патокази за значајните локации.

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …