Ослободувањето на заложниците од Газа нема да се случи пред петок

Ослободувањето на заложниците од Газа нема да се случи пред петок

Ослободувањето на првите заложници од Појасот Газа во Израел нема да се случи пред петок, пренесе ДПА повикувајќи се на израелски медиуми.

Израелскиот советник за безбедност Цачи Ханегби изјави дека ослободувањето на заложниците нема да почне пред петок, јавија израелскиот весник Хаарец и каналот Н12. Претходно се очекуваше првата размена да се случи денеска.

„Преговорите за ослободување на нашите заложници постојано напредуваат. Ослободувањето ќе почне според првичниот договор меѓу страните и не пред петок“, ја цитира Хаарец изјавата на Ханегби.

Точните причини за одложувањето засега се нејасни.

Според извештаите, дискусиите за точните услови на прекинот на огнот најверојатно сè уште не се финализирани.

Според договорот постигнат меѓу израелската влада и радикалната група Хамас, Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници во замена за 50 заложници на Хамас, а четири дена ќе има прекин на огнот во Појасот Газа.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Хакерски сајбер напад

Двојно зголемени сајбер нападите од Русија и од Кина во Германија

Осумдесет отсто од компаниите биле цел на напади кои вклучувале кражба на податоци, шпионажа или …