Осомничен лекар од Гостивар кој за пари давал лажни потврди за негативен ПЦР тест

Осомничен лекар од Гостивар кој за пари давал лажни потврди за негативен ПЦР тест

Основното јавно обвинителство од Гостивар поведе постапка против лекар од Чегране, кој за одреден финансиски надомест, на две лица им издал лажни извештаи за негативен ПЦР тест. Тој е осомничен дека сторил продолжено кривично дело–Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар, доставил предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.

Лекарот од една пациентка на 7 март наплатил 50 евра, а на другата на 9 март ѝ наплатил 1.500 денари, односно вкупно за себе прибавил противправна имотна корист од околу 4.500 денари.

„Осомничениот во два наврата месецов ја злоупотребил својата положба како службено лице, специјалист-инфектолог во ЈЗУ Општа болница „Др. Ферид Мурат“ во Гостивар. Притоа, иако во наведената лабораторија воопшто не се вршеле ПЦР тестови, осомничениот на две пациентки им зел брис од нос и од уста и за одреден финансиски надомест им издал лажен извештај за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот, со цел да можат да патуваат во странство. Во двата наврати тој го злоупотребил својот службен факсимил“, соопштија од Јавното обвинителство на РСМ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …