Оставки на директорите на клиниките за детски болести и онкологија, Софијанова и Васев

Оставки на директорите на клиниките за детски болести и онкологија, Софијанова и Васев

Директорката на Универзитетската клиника за детски болести, Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија, Никола Васев, денеска поднесоа оставка.

Како што кратко соопшти Министерството за здравство, оставките на двајцата директори се поднесени по барање на министерот за здравство Беким Сали.

„Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на министерот, јавноста навремено ќе биде информирана“, наведено е во кусото соопштение од министерството.

Двајцата директори неодамна се соочија со обвинувања за злоупотреби на својата положба.

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …