Остри реакции за снимката од убиството на невооружен украински војник

Остри реакции за снимката од убиството на невооружен украински војник

Автентичноста на снимката треба допрва да се утврди во однос на тоа кога е направена, а не се знае идентитетот на лицата кои го убиваат војникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ги најдат убијците на невооружениот украински војник, кој беше убиен во заробеништво единствено поради изговарање „Слава на Украина“, пренесува Јуроњуз.

Украинскиот главен обвинител најави кривична истрага, откако по социјалните мрежи во понеделникот се појави видео од униформиран украински војник како стои и пуши во близина на разурнатиот град Бахмут. Војникот извикува „Слава на Украина“, непосредно пред да биде изрешетан од куршуми и убиен.

Јуроњуз посочува дека автентичноста на снимката треба допрва да се утврди, додека лицата кои го убиваат војникот-заробеник не се прикажани и нивниот идентитет треба допрва да се провери.

Сепак, украинските власти жестоко реагираа по објавената снимка. Претседателот Зеленски вети дека правдата ќе биде задоволена, додека украинската војска го идентификуваше војникот на снимката како Тимофиј Шадура и објави дека тој исчезнал на 3 февруари годинава.

Најдобрите украински спортисти му оддадоа почит на убиениот украински војник во заробеништво. Тениската ѕвезда Елина Свитолина, фудбалерот што игра за клубот Челзи, Михаило Мудрик, и многу други спортисти со видео обраќања проговорија „Слава на хероите“, пишува Би-би-си.

Во видеото се појавуваат фудбалерите на Арсенал, Олександр Зинченко и Тарас Степаненко, кој игра за украинскиот тим Шахтјор Донецк. Прикажан е и легендарниот поранешен играч, а сега тренер Серхи Ребров.

Исто така, украинскиот светски шампион во бокс во тешка категорија, Олександр Усик, сними видео на кое рецитира песна посветена на застреланиот војник, чиј идентитет останува нејасен.

„Слава на Украина! – за овие зборови добивте куршум“, вели тој.

На снимката, еден од пукачите – за кој се верува дека е руски војник – се слуша како вели „умри“ и користи експлозив откако заробеникот е застрелан со автоматско оружје.

Украинските власти рекоа дека убиството е „уште еден доказ дека оваа војна е геноцидна“ и покренаа кривична истрага, ветувајќи дека ќе ги фатат сторителите.

Русија досега јавно не го коментираше видеото.

Украинските власти и меѓународната заедница во неколку наврати досега ги обвинија руските трупи за масовни воени злосторства, вклучувајќи тортура, силувања и убиства за време на руската воена агресија врз Украина, но Русија досега ги отфрлаше обвинувањата.

Во јули минатата година се појави видео снимка, на која се гледа како уште еден заробен украински војник е кастриран во окупираниот дел од Донбас.

Слични обвиненија во изминатиов период имаше и против украинските сили, а официјална Москва ноември лани ја обвини Украина за егзекуција на група руски затвореници. Украински официјален претставник тогаш изјави дека „предавањето“ било инсценирано од руски војници, во обид да го нападнат непријателот.

Прочитајте повеќе

Затвореници во руски притвор земале двајца вработени како заложници, бараат автомобил и бесплатен премин

Затвореници во руски притвор земале двајца вработени како заложници, бараат автомобил и бесплатен премин

Шест затвореници во притворен центар во руската област Ростов зеле како заложници двајца вработени во …