Осум години Театар Комедија

Осум години Театар Комедија

Националната установа Театар Комедија денеска, на Светскиот ден на театарот, го заокружува својот осми роденден.

Во текот на изминатите 8 години, во Театар Комедија, кој важи за најпосетуваниот театар во земјава, поставени се вкупно 34 премиери, остварени голем број гостувања и соработки, а театарот може да се пофали и со бројни награди и признанија.

Оваа година во Театар Комедија ќе изостане вообичаената премиера на 27 март, но од институцијата велат дека, по нормализирањето на ситуацијата, актерите и целиот тим на театарот ќе бидат тука за да им ги наполнат ,,животните батерии“ на посетителите со нова енергија и надеж.

Во меѓувреме, театарот ги обезбедува со смеа своите гледачи преку нивниот онлајн репертоар – на нивниот You tube канал, каде во одредени термини се емитуваат снимки од нивни претстави.

За Денот на театарот е резервирана ,,Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски, која е првата одиграна претстава во Театар Комедија.

Прочитајте повеќе

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи …