Отворен вакциналниот пункт на УКИМ

Отворен вакциналниот пункт на УКИМ

Од денеска започна со работа вакциналниот пункт на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чија цел е да се олесни и забрза процесот на имунизација на студентите и вработените на Универзитетот.

Пунктот за вакцинација е сместен во Кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет во Скопје.

Како што информираат од УКИМ, истиот ќе биде отворен секој работен ден од 8 до 14 часот, а во него ќе работат обучени лица – доктори и медицински сестри од Поликлиниката на УКИМ. Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите. Вакцините и стручната помош ќе бидат обезбедени од Министерството за здравство.

Повик до студентите да се вакцинираат упати и Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

„Мора да почнеме да се приближуваме кон враќање назад во нашите клупи, ги повикуваме студентите да ја искористат оваа шанса, да веруваат во научните дострели и да се вакцинираат“, апелираа од УСС-УКИМ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Како политичарите ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

Како политичарите ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

Политичарите во моменти на трагични настани не треба да покажуваат ароганција и незаинтересираност. Не треба …