Отворена нова градинка во општина Аеродром

Отворена нова градинка во општина Аеродром

Денеска во Ново Лисиче, општина Аеродром, пуштена беше во употреба нова детска градинка со капацитет за згрижување на 200 деца.

„Станува збор за модерен објект во рамки на градинката ‘Буба Мара’, кој ги исполнува сите неопходни стандарди и обезбедува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Новата градинка содржи 8 занимални со сопствени санитарни јазли и кујна на вкупна површина од 1.500 квадратни метри. Со овој објект, градинката „Буба Мара“ доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче.

Истовремено, се подобрија условите за престој и воспитување на децата. Средствата за новата детска градинка од околу 40 милиони денари ги обезбеди Општина Аеродром.

Во наредниот период, како што најави градоначалникот Марин, ќе се изградат уште две нови градинки – едната во дворот на училиштето „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, а другата кај постојниот објект на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …