Отворени новите простории на Државниот архив во Прилеп

Отворени новите простории на Државниот архив во Прилеп

Во присуство на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, претседателот
на општинскиот Совет, Миле Талески, директорот на Државниот архив на Република
Северна Македонија, Емил Крстески, како и пред голем број на соработници и гости,
денеска беа ставени во функција новите простории на Државниот архив – Одделение
Прилеп.

Новиот простор од 200м2 е со посебна намена за депо и Регионален центар за
дигитализација. Реализацијата на овој проект ќе овозможи заштита и чување на
архивски материјал кој се создава од тековното работење на државните и јавни
институции, приватни фондови, збирки и останатата документација која е од посебен
интерес за државата.

„Приоритет на Државниот архив е да се дигитализираат сите архивски материјали и
документи кои датираат од 12 век, и тоа е приоритет кој ќе трае во текот на наредните
години, бидејќи самиот процес не е кус – тој трае и не завршува така брзо. Со самата
дигитализација се заштитуваат сите документи и стануваат подостапни за граѓаните.
Сметам дека овој простор кој што се отвора денес во Одделениото во Прилеп ги има сите услови да биде и Регионален центар за дигитализација на архивскиот материјал и се надевам дека тоа ќе го реализираме во текот на наредната година“, истакна Емил Крстески, директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија.

Новиот простор ќе има функција на трезор со неисцрпни информации за минатото,
сегашноста и иднината за македонската историја и култура и етничките народи кои
живеат на овој простор.

„Државниот архив секогаш оди напред. Благодарение на домаќинското работење,
успеавме со 200 метри квадратен простор кој ќе биде наменер за депо за Регионален
центар за дигитализација, да решиме децениски проблем. Со овој простор ќе се
овозможи трајно чување на архивски материјал од сите државни и јавни институции,
приватни иматели кои по новиот закон се поприоритетни, но исто така и од приватни
фондови на граѓаните. Свеста кај граѓаните почнува да проработува и тие ни носат
приватни фондови кои ја збогатуваат нашата збирка. Архивот е отворена институција,
се’ почесто гости ни се истражувачите, бидејќи имаме голем фонд на збирки, како и
студентите кои работат дипломски работи како историја, или некоја сродна дејност
која е поврзана со архивот“, истакна директорката на Државен архив – Одделение
Прилеп, Елена Чагороска.

Во депоата на Државниот архив – Одделение Прилеп се чуваат вкупно 605 фондови и
9 збирки, со најстар документ од 1788 година. Посебно значење имаат: Матичната
книга на родени од црквата „Св.Благовештение“ со податоци од 1821 година и
Матичната книга на родени од с. Слепче од 1860 година.

Прилепскиот архив располага со свој изложбен простор, со постојана поставка со 80
документи, репрезентативни и интересни за јавноста книги, албуми со фотографии,
читална и своја библиотека со фонд од над 1.000 книги.

Архивот во Прилеп е основан во 1955 година и има надлежност на
општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Македонски Брод и Пласница

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …