Пендаровски од Велес: Членството во НАТО не значи само безбедност туку економски силна држава и перспективи за младите

Пендаровски од Велес: Членството во НАТО не значи само безбедност туку економски силна држава и перспективи за младите

Соопштение за јавност од денешните средби со граѓани во Велес, на кандидатот за Претседател Стево Пендаровски:

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски беше во посета на Велес. Во разговор со велешани Пендаровски зборуваше за придобивките од интеграцијата и членството во НАТО.

-Одиме заедно напред. Влезот во НАТО не значи само конечна стабилизација, безбедност и мир во нашата земја, нешто што е исклучително важно за нас, туку значи напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите, порача Пендаровски од Велес.

Заедничкиот кандидат за претседател Пендаровски се сретна и со пензионерите од Здружението на  пензионери на општина Велес.

На престојните избори пред граѓаните се два спротивни концепти. Едниот зад кој стојам јас и мнозинството, кој е за држава интегрирана во НАТО и ЕУ и другиот концепт целосно спротивен на првиот и предводен од опозицијата, што значи кочење на нашата држава во интегративниот процес, рече Пендаровски.

Посетата на градот на Рацин, на Гемиџиите, на Прличко, Пендаровски ја завршува на средби со граѓаните од така нареченото Влашко маало, во Велес.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …