Пендаровски се обрати на тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна - Одржливост на македонскиот надворешно-политички курс“

Пендаровски се обрати на тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешно-политички курс“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на амбасадорската тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешно-политички курс,“ што во организација на Советот на амбасадори се одржа во Клубот на пратеници.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски посочи дека за прв пат во последните 30 години постои засилен ангажан и има именувани тројца посебни претставници на САД, ЕУ и Обединетото Кралство кои работат и придонесуваат за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Претседателот Пендаровски посочи и на отворената поддршка на новата германска влада за Западен Балкан, а особено за интеграцијата на Северна Македонија, бидејќи, како што рече, ги исполнуваме сите услови за почеток на пристапните преговори. Истовремено, претседателот Пендаровски ја истакна поддршката и од Франција, потсетувајќи на изјавата на претседателот Емануел Макрон дека Западен Балкан не е само географски дел на Европа и дека не треба повторно да му се врти грб, реторика што според претседателот Пендаровски оди неколку нивоа напред во корист на интеграцијата.

Претседателот Пендаровски посочи дека ЕУ ентузијазмот опаѓа во сите шест држави од Западен Балкан.

Според претседателот Пендаровски, во време кога Европа е предизвикана од големи геополитички движења, а регионот повторно се соочува со негативни и ретроградни трендови, потребен е зголемен ангажман на Европската Унија кон Западниот Балкан, доколку сака да ја задржи својата стратешка релевантност.

ЕУ, според претседателот, нема ниту една рационална или стратешка причина да се плаши од интеграцијата на сите шест земји од Западен Балкан.

Во однос на дијалогот со Бугарија, претседателот Пендаровски оцени дека станува збор за одличен почеток на оваа нова фаза во нашите билатерални односи и се чуствува и се слуша нова реторика и нова енергија.

„Меѓутоа морам и тоа кристално јасно да го кажам, дека станува збор само за почеток. Станува збор само за иницијална фаза во која двете страни искажуваат добри желби како би сакале тој процес понатаму да се одвива. Значи ние сме далеку од подлабоко навлегување во процесот и се уште многу далеку од евентуално позитивно завршување на тој процес“, рече претседателот Пендаровски.

Посочи дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде свој придонес за конечно надминување на овој проблем.

Претседателот Пендаровски најави дека заедно со бугарскиот претседател Радев договараат негова официјална посета на Република Бугарија, за не повеќе од еден месец.

„Мој став, моја теза е дека двајцата претседатели во двете држави мораат да дадат позитивен придонес за успешен завршеток на овој процес, затоа што тоа е стратешки интерес на двете држави и јас сум убеден дека претседателот Радев го дели моето мислење“, рече претседателот Пендаровски.

Амбасадорската тркалезна маса е годишен настан на Советот на амбасадори, што се одржува под покровителство на претседателот Пендаровски.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …