Пендаровски: Во процесот за „Диво насеље“ не се опфатени наредбодавачите

Пендаровски: Во процесот за „Диво насеље“ не се опфатени наредбодавачите

Во синоќешното интервју за емисијата „360 степени“, Претседателот Стево Пендаровски рече дека според неговите информации, во судскиот процес за настаните во кумановското „Диво насеље“ не се опфатени клучните актери кои учествувале во подготовката и го менаџирале настанот:

„Моите информации се дека во тековниот процес за „Диво насеље“ не се зафатени сите клучни актери кои учествувале во подготовката или во позадинското менаџирање на настаните. Дали баш сите до еден, не навлегувам во тоа, меѓутоа зафатени се воглавно луѓето кои оперативно излегоа на терен и ги направија тие безбедносни проблеми во предградието на Куманово. Колку што јас знам, а нешто знам во тој дел, не се опфатени луѓето коишто дадоа наредба тоа да се направи, бидејќи тоа е договорен настан, да нема никој дилеми околу тоа. И луѓето кои спроведуваа одредени претходни подготовки тој настан да се случи, и тие се случуваа на територијата на Косово и на територијата на јужна Србија“, изјави Пендаровски.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …