Петок и понеделник неработни денови

Петок и понеделник неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 30 април, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Понеделник, 3 мај, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Прочитајте повеќе

ЕУ знаме

ЕК: Скромни резултати во образованието, добар напредок во науката и во истражувањата

Според извештајот, спроведувањето на Стратегијата за образование 2018–2025 и развојот на систем за следење на …