„Земја на номади“ е големиот победник на годинешниот Оскар

„Земја на номади“ е големиот победник на годинешниот Оскар

Доделени се најпрестижните филмски награди во светот. Три златни статуетки освои тегобната драма за една жена која по глобалната финансиска криза живее во комбе на американскиот запад- „Земја номади“.

Филмот „Земја на номади“ на режисерката Клои Жао е победник на годинешното 93. доделување на Оскарот, наградите на американската Академија на филмски уметности и науки, која се одржа синоќа во Долби театарот и на други локации во Лос Анѓелес.

Филмот „Земја на номади“ја доби главната награда, Оскар за најдобар филм, додека режисерката ја освои наградата за најдобра режија и стана втора жена која ја доби наградата од американската Академија на филмски уметности и науки во оваа категорија.  Прва режисерка која го освои Оскарот во оваа категорија беше Кетрин Бигалоу во 2010 година.

USA Los Angeles: 93. Oscarverleihung - Frances McDormand und Chloe Zhao

Втор Оскар за Ентони Хопкинс

За улогата во филмот „Земја на номади“ Оскар за најдобра актерка во главна улога доби Френсис МекДорманд. Филмот „Манк“ на Дејвид Финчер, кој беше фаворит со најмногу номинации – вкупно 10, освои само два Оскари во категориите најдобра фотографија и најдобар декор.

Глумецот Ентони Хопкинс ја доби наградата за најдобар актер во главна улога во филмот „Татко“ во кој глуми старец кој тоне во деменција. Ова е втор Оскар за Хопкинс (83), првиот го освои во 1992 година за улогата на познатиот Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Хопкинс воедно стана и најстариот добитник на Оскар. Пред него најстар лауреат беше Кистофер Пламер кој со 82 години доби Оскар во 2012 година во категоријата најдобра споредна машка улога во филмот „Почетници“.

93. Oscar-Verleihung - Vorbereitungen

Заштитна маска како подарок

Актерот Даниел Калуја и актерката Ју-Џунг Јун добија Оскари за најдобри машка и женска споредна улога. Калуја освои Оскар за улогата во филмот „Јуда и црниот Месија“, а актерката Ју-Џунг за улогата во филмот „Минари“.Глен Клоуз (74) не успеа да го освои својот прв Оскар. Таа беше номинирана во категоријата најдобра женска споредна улога и тоа и’ беше осма номинација во кариерата.Филмот „Пијан“ на данскиот режисер Томас Винтерберг освои Оскар за најдобар странски филм. Во оваа категорија беше номиниран и филмот „Каде одиш, Аида“ на сараевската режисерка Јасмила Жбаниќ.

Сите номинирани, како и секоја година, добија вредни подароци, но без ваучери за патување поради епидемијата со коронавирусот. Меѓу подароците имало и заштитни маски, витамини и препарати за зајакнување на имунитетот.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …