Бахмут

Платениците на Вагнер се повлекуваат од Бахмут, руската војска ќе ја преземе контролата

Шефот на руската платеничка група Вагнер објави дека неговите сили почнале да се повлекуваат од украинскиот град Бахмут. Евгениј Пригожин во видеообраќање на апликацијата Телеграм вети дека до 1 јуни ќе ја пренесе контролата врз градот на руската армија, но Кијив вели дека сè уште контролира делови на градот, пренесува Би-би-си.

Пригожин додава оти неговите сили се подготвени да се вратат доколку се покаже дека руската регуларна армија не може да управува со борбите за градот, кои беа најдолги и најкрвави во војната.

Платениците на Вагнер ги водеа борбите таму за руската страна, а Пригожин оваа недела рече дека 20.000 негови борци загинале во Бахмут.

Би-Би-Си Верифај (BBC Verify) лоцираше видео во област во близина на аптека во источниот дел на Бахмут.

Пригожин, кој најави заземање на градот во саботата, се гледа како им кажува на своите луѓе да остават муниција за руската армија. Тој додава дека некои припадници на Вагнер ќе останат да им помагаат на руските војници.

Шефот на Вагнер постојано ги напаѓаше највисоките руски воени функционери, критикувајќи ги јавно дека не ги поддржуваат неговите војници. Минатиот месец тој дури се закани дека ќе ги повлече своите војници од градот доколку не им биде обезбедена потребната муниција.

И покрај тврдењата на Вагнер дека го предава Бахмут, Украина не признава оти градот е окупиран.

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, во средата изјави дека нејзините сили сè уште контролираат дел од областа Литак во југозападниот дел на градот.

Аналитичарите велат дека Бахмут има мала стратешка вредност за Москва, но неговото заземање би било симболична победа за Русија по најдолгата битка од војната во Украина досега.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …