По масакрот во Калифорнија– осомничениот убиец најден мртов

По масакрот во Калифорнија– осомничениот убиец најден мртов

Полицијата во Калифорнија го пронашла мртов извршителот на вооружен напад во ноќен клуб во Лос Анџелес, во кој загинаа десет луѓе. Осомничениот убиец е маж со азиско потекло, стар 72 години.

Осомничениот напаѓач, како што соопшти полицијата во Лос Анџелес во неделата (22.01.2023), очигледно си пресудил самиот себеси по трескавичната потрага од страна на полицијата.

Во нападот со огнено оружје во ноќен клуб близу Лос Анџелес во саботата беа убиени десет луѓе, а исто толку се и ранети. Настанот се случи на маргините на прославата на кинеската Нова година во квартот Монтереј Парк, населен претежно со луѓе од азиско потекло.

Осомничениот убиец според полициски информации е маж со азиско потекло, стар 72 години, чие име е Ху Чан Тран.

„Осомничениот подлегна на повредата која самиот си ја нанесол со огнено оружје. Можам да потврдам дека не постојат други осомничени во врска со оружениот напад”, изјави шерифот на градот Лос Анџелес, Роберт Луна.

Мотивот на напаѓачот засега не е познат, но истрагата за разјаснување на трагичниот инцидент продолжува.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи општа жалост во земјата, во рамките на која знамињата на јавните згради до 26 јануари ќе бидат спуштени на половина копје, како „знак на почит кон жртвите на ова бесмислено насилство“, како што стои во соопштението од Белата куќа.

Во нападот во Лос Анџелес, според информации од полицијата, се убиени пет мажи и пет жени, најголем дел од нив на возраст меѓу 50 и 60 години. Убиецот се обидел да продре и во еден друг локал за танцување во близината, но бил совладан и разоружен од присутните пред да успее да побегне.

По брзата и опсежна потрага, полицијата по неколку часа го лоцирала возилото на напаѓачот, од каде што се чул истрел. Снимки од воздух прикажуваат како полицајци влегуваат во товарното возило, каде на возачкото седиште е откриено телото на осомничениот убиец.

Вооруженото насилство претставува голем проблем во САД. Во земјата има повеќе оружје отколку жители – секој трет возрасен Американец поседува најмалку едно парче оружје  а секој втор живее во домаќинство каде има оружје.

Според веб-страницата Ган вајонлес архив, само ланската година од огннео оружје во САД смртно настрадале преку 44.000 луѓе, половина од случаите отпаѓаат на самоубиства.

Поседувањето оружје спаѓа во најжолчно дебатираните теми во САД. Додека Демократската партија напретседателот Џо Бајден се залага за порестриктивни закони за оружје, опозиционите Републиканци се категорично против, укажувајќи на уставното право на поседување оружје.

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …