Почина Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ

Почина Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ

Вчера во Русија, во 76 година од животот, почина Мирјана Марковиќ, сопругата на некогашниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ.

Мирјана Марковиќ живееше во Русија од 2003 година. Според информациите од белградските медиуми, во последните неколку години таа имала повеќе операции. Во тешка здравствена состојба, последните 7 денови била хоспитализирана во Сочи.

Мирјана Марковиќ е родена на 10 јули 1942 година, во цело Брежане, во близина на Пожаревац. Предавала социологија на Природно-математичкиот факултет на Белградскиот универзитет.

Таа беше еден од основачите и прва претседателка на партијата Југословенска левица (ЈУЛ).

Во 2005 година, по неа беше распишана меѓународна потерница.

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …