Почна изградбата на новата детска градинка во прилепската населба „Точила“

Почна изградбата на новата детска градинка во прилепската населба „Точила“

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, премиерот на Владата, Зоран Заев, министерот за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во присуство и на други функционери од локалната и централната власт, денеска го означија стартот на градежните работи за изградба на новата детска градинка во прилепската населба.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Јованоски истакна дека дека за прв пат после четирисет години, на површина од 5.030 м2, започнува да се гради нова детска градинка во општина Прилеп, со капацитет за згрижување на 252 деца, со што се исполнува дадениот збор пред граѓаните и трајно се решава проблемот за згрижување на деца во прилепските градинки.

Почна изградбата на новата детска градинка во прилепската населба „Точила“„Станува збор за изградба на објект од капитално значење за градот, според сите европски и светски стандарди за квалитетен ран детски развој и за кој општина Прилеп издвои 133 милиони денари од сопствениот буџет.Објектот е проектиран да има приземје и кат, партерно уредување, функционално поделен на два дела, од кои едниот дел со 10 простории за занимални и 3 за детски јасли, а другиот дел во кој ќе бидат сместени стручниот кадар и администрацијата. Покрај партерното уредување, од особена важност е тоа што покривот е предвиден како зелена покривна тераса со ниска природна вегетација. Зелениот покрив овозможува одлична изолација преку целата година и заштеда на енергија. На покривната тераса ќе има сончеви колектори и фотоволтаична постројка за производство на електрична енергија за потребите на самата градинка, а ќе биде инсталирана и воздушна топлотна пумпа, со што значително ќе се намалат трошоците за греење и ладење. Објектот ќе има централно подно греење и ќе ги исполнува сите современи стандарди за енергетска ефикасност“, изјави градоначалникот Јованоски.

Првиот човек на општината нагласи дека за седум месеци од денеска, колку што е и предвидено да трае изградбата на објектот, Прилеп ќе добие нова, современа и европска детска градинка, која ќе биде една од најубавите во државата.

Во изјавата за медиумите, министерот за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ја нагласи важноста на партнерскиот однос помеѓу централната и локалната власт, во изградбата на објекти со кои се зголемува опфатот на деца од претшколско образование.

Почна изградбата на новата детска градинка во прилепската населба „Точила“„Министерството за труд и социјална политика, во изминатите седум месеци успеа да ја заврши изградбата на 11 детски градинки, со што го зголемивме опфатот на нови 670 дечиња во овие објекти. До крајот на годината ќе ја завршиме изградбата на нови 14 детски градинки, со дополнителен опфат на 1.400 деца. Продолжуваме да градиме енергетски ефикасни градинки, според сите стандарди за енергетска ефикасност, со најсовремени услови за престој на нашите најмили“, истакна министерката Шахпаска.

Премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев го потенцираше фактот дека после толку многу години токму во Прилеп се гради еден од најубавите и најголемите објекти за згрижување на деца во земјата.

Почна изградбата на новата детска градинка во прилепската населба „Точила“„Сакам да издвојам за мене една особено важна карактеристика на проектот, а тоа е дека градинката е проектирана да ги исполни сите современи стандарди за енергетска ефикасност, со блиску до нула енергетска потрошувачка, со  А+ енергетска класа. За објектот е обезбедено и поврзување со системот за гасификација, бидејќи Општина Прилеп е меѓу првите општини што ќе добие локална, секундарна мрежа за гас. Ова го нагласувам и заради фактот што децата во оваа градинка ќе ги добијат и првите лекции и ќе бидат на тој начин воспитувани за придобивките на зелените политики преку примерот на нивната градинка“, изјави премиерот Заев, истовремено упатувајќи честитки до општината и до граѓаните на Прилеп за изградбата на овој значаен објект за иднината на децата.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …