Полицијата изрекла 386 санкции за неносење маска

Полицијата изрекла 386 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани се 386 прекршоци за неносење заштитна маска, извести Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за ковид-19.

Инаку, бројот на активни случаи на лица заболени од ковид-19 во земјава изнесува 6.590, заклучно со вчерашните бројки на Министерството за здравство. Најголем број на активни случаи има во Скопје (2.938), но во изминативе денови во некои општини, како што се Прилеп (473) и Кавадарци (454), повторно се јавува позабележително зголемување на бројот на заболени лица од корона вирусот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …